Димитров во дводневна посета на Холандија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија.
Димитров ќе има средба со новиот министер за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, кој ја презеде должноста во март оваа година, соопшти МНР.
Шефот на македонската дипломатија ќе се сретне и со Мартијн Лукасен, советник за ЕУ прашања на премиерот на Холандија, со генералниот директор за европски работи во МНР, Матијс ван дер Плас, како и со генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вин Гертс.
Димитров ќе има и обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија, а ќе одржи и предавање на реномираниот Институт за меѓународни односи, Клингендал.
Македонскиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со амбасадорот Ахмед Узумчу, генерален директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), чие седиште е во холандскиот главен град
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
