-->
-->
Димитров се сретна со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
-->
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Министерот Димитров, како што соопшти МНР, ја потенцирал важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.
За време на средбата соговорниците размениле мислења за планираното реализирање на програмските цели на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со посебен акцент на соработката со ОБСЕ во поддршката на реформските процеси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!