Димитров се сретна со Карл–Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите

Европските интеграции на земјава и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унијата беа тема на дискусија на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со Карл–Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите, кој е во дводневна посета на земјава.
За време на средбата, инфомрираат од МНР, министерот Димитров го информираше соговорникот за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, потенцирајќи ја можноста за заеднички успех со ЕУ, преку усвојување одлука за отпочнување на пристапните преговори во октомври. Се заблагодари за навремената посета на Ламберц, што претставува дополнителна потврда и сигнал од европските институции за европската перспектива на нашата земја.
Воедно, на состанокот беа разменети мислења и за прашања поврзани со кохезија, децентрализација, прекугранична соработка, намалување на економските разлики меѓу различните региони во Европа, како и пошироко за иднината на Европа. Притоа беше заклучено дека ЕУ архитектурата нема да биде комплетна без интегрирање на регионот на Западен Балкан.
Утре Ламберц ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
