Димитров оствари повеќе средби во рамки на посетата на Хаг
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на активностите од првиот ден на работната посета на Хаг, денеска се сретна со Мајкл Стибе, дипломатски советник за Европа во канцеларијата на холандскиот премиер, Питер Омзихт и Клас Дајкоф, пратеници во Долниот дом на холандскиот Парламент, како и со поранешниот министер за надворешни работи Берт Кундерс и поранешната холандска амбасадорка во Република Северна Македонија и актуелна амбасадорка за човекови права во МНР на Холандија, Мариет Шурман.
Од Министерството за надворешни работи соопштија дека на средбите со пратениците Омзихт и Дајкоф, Димитров накусо се осврнал на постигнатото во клучните реформски области. Во таа смисла, биле разменети информации во врска со последните политички случувања во земјата и за атмосферата од првиот круг на претседателските избори. Од страна на соговорниците бил поздравен големиот напредок во националната реформска агенда како и постигнатото во односите со соседите во последните две години.
На средбата со Стибе било разговарано за направеното на домашен план и бил поздравен историскиот пресврт постигнат преку договорите со Грција и Бугарија.
– Ако пред три години бевме „заробена држава”, сега/денес сме ретка надежна приказна за вистински демократски пробив. Република Северна Македонија има направено доволно и е спремна да ја отвори следната врата од нејзиното европско патување по принципот „стриктно и фер“. Нашата цел е суштински да ги унапредиме процесите во општеството и да обезбедиме услови за подобар живот на нашите граѓани. Тоа најдобро можеме да го направиме преку отворање на пристапниот процес, негово суштинско почитување и темелна реформа, истакнал Димитров.
Дводневната посета на Димитров на Хаг продолжува попладнево со брифинг пред парламентарниот Комитет за европски прашања и работна средба со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи. Во текот на утрешниот ден министерот Димитров ќе се сретне со својот холандски колега, МНР Стеф Блок.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени