Димитров негира дека има нов предлог за името
Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва изјави дека нема никаков нов предлог за името, туку дека на средбата во Брисел е утврдена интензивна динамика на консултации.
- Нема никаков нов предлог. Се се шпекулации. Она што е важно дека се утврди интезивна динамика да има средба и во јануари следната година. Местото сеуште не е утврдено, но се споменува Њујорк. Можеби ќе биде таму. Ќе има средба и во февруари, март.., истакна Димитров во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма.
Коментирајќи ја опцијата за отпочнување на претпристапни преговори и паралелно решавање на спорот со името, Димитров со став дека треба да се најде начин на зближување за сојузништво.
- Треба да продолжиме да ги убедуваме нашите пријатели во Грција дека ова не треба да биде пречка. Имаме и Времена спогодба и пресуда. Истовремено ние треба да разбереме дека зачленувањето во НАТО значи дека утре Грција треба да биде наш сојузник. Затоа мораме да најдеме начин овој процес да го искористиме во зближување како да бидеме сојузници, истакна Димитров.
Според него, настојувањето на Грција прво да се затвори проблемот со името, а потоа да се отвори вратата на Македонија кон ЕУ и НАТО, е стравот дека доколку се случи обратното, ние ќе најдеме начин да не ја надминеме разликата околу името.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
-

Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел, Иран никогаш послаб
-

Во Собранието настан посветен на животот и делото на претседателот Борис Трајковски
-

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода
-

Трамп и Шји се договориле Кина да не испраќа воена опрема во Иран
-

Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 21 лице
-

Оперативец на ЦИА сведочеше во Сенатот: Фаучи ги замајуваше разузнавачите за да не се открие вистината за Ковид 19
-

Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер
