Димитров: Не сме против паритетна комисија со Грција за учебниците
Македонија е подготвена да разгледа предлог за формирање комитет за ревизија на учебниците по историја меѓу Македонија и Грција, доколку е на паритетна основа, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
- Ние немаме против и апсолутно сме спремни да разгледаме таков предлог. Балканот е многу оптоварен со историја и кога две земји решиле да се зближат и да надминуваат разлики, да градат мостови, корисно е да учиме од искуствата на други земји како Франција и Германија, Германија и Полска. Се додека е тоа на паритетна основа и двострано и се додека историјата ја оставаме на историчарите, а политиката на политичарите, вели Димитров на новинарско прашање на прес-конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
За ова прашање како што посочи Димитров станало збор на неговата средба со Коѕијас во Њујорк, како можност историчари-експерти да почнат да разговараат за ова прашање.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола