Димитров на состанок со ЕУ амбасадорите за отворање на преговорите и справувањето со Ковид-19

Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа за македонските граѓани. Уверени сме дека во втората половина на годината, нашите тимови ќе започнат со конкретната работа врз поглавјата односно кластерите на законодавството на ЕУ, како што е според новата методологија за водење на преговорите, порача министерот за надворешни рабиоти Никола Димитров на денешниот видео состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија.
На видео состанокот учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, а се одржа на иницијатива на Хрватската амбасада во Северна Македонија во својство на хрватското претседателство со Советот на ЕУ. Повод на состанокот беше одбележувањето на крајот на шестмесечното претседавање на Хрватска со Советот на ЕУ, како и редовна размена на мислења и информации за пристапниот процес на Северна Македонија. Се зборуваше и за најновите случувања во ЕУ и на домашен план, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од ЕУ и регионот на Западен Балкан во справувањето со КОВИД 19 пандемијата, соопшти МНР.
На состанокот со амбасадорите на ЕУ се разменети мислења околу состојбата со коронавирусот на европскиот континент.
– Изразивме надеж дека започнатото единство и солидарност во справувањето со оваа закана помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан ќе продолжи и понатаму со уште поголем интензитет и координација, особено во претстојниот период кога полека ќе започнат да се отвораат границите за слободно патување на нашите граѓани и ќе биде потребно да се обезбеди економско закрепнување за нашите компании, вели министерот Димитров.
Тој се заблагодари за силната поддршка на Хрватска за европската перспектива на земјата, истакнувајќи дека токму во нејзиното претседателство со Советот со ЕУ се донесоа важни одлуки за политиката на проширување на ЕУ, а особено одлуката за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори.
– Хрватското претседателство во мошне тешки околности и големи предизвици успеа да ја одржи политиката за проширување високо на агендата на ЕУ и тоа е големо постигнување, истакна Димитров.
На средбата е реафирмирана и посветеноста на Северна Македонија кон продолжување со европскиот курс, реформските процеси и унапредување на добрососедските односи. Северна Македонија е подготвена и со нетрпение го очекува усвојувањето на преговарачката рамка и закажувањето на првата меѓувладина конференција што ќе означи конкретен почеток на преговорите, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-

Кривична за 43-годишник од Штип, свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело
-

Утре сончево, од вторник најавени врнежи и засилен јужен ветер
-

Со „бмв“ возел 109 километри на час на место каде е дозволено 40, приведен 24-годишник од Велес
-

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
-

Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година
-

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
