Македонија
12. October 2017 - 8:47

Димитров на состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска ќе се обрати на сесија на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

На состанокот, како што соопшти МНР, Димитров ќе информира за спроведувањето на реформската агенда на Владата на Република Македонија, согласно Програмата за работа и Акцискиот план 3-6-9, како и за позитивниот приод на Македонија во контекст на регионалната соработка.