Димитров на состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлински процес
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во наредните два дена ќе учествува на подготовителниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите учеснички во Берлинскиот процес, кој се одржува во Варшава.
Состанокот е предвиден како подготовка на шестиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година се ќе одржи на 5-ти јули во Познан, а целта е осврт на земјите учеснички во Процесот кон она што е постигнато во изминатата година, идентификувајќи ги достигнувањата, предизвиците и можностите за земјите од Западен Балкан.
Во рамки на трите предвидени сесии, министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на продлабочување на регионалната соработка и решавање на отворените билатерални прашања, проширување на областите на соработка на младите од регионот, со акцент на Регионалната канцеларија за млади (RYCO), како и за очекувањата во поглед на придобивките од Самитот во Познан.
На постојниот формат на земјите од ЗБ6 и земјите-членки на ЕУ кои досега беа дел од Процесот (Германија, Австрија, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Полска, Хрватска и Словенија), годинава им се придружуваат и Бугарија и Грција.
По завршување на состанокот, како што соопштија од Министсртвото за надворешни работи, ќе се одржи и Третата министерска конференција на Фондот за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа