Димитров на состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на државите од Западен Балкан и на министерската коференција за Фондот за Западен Балкан, што се одржуваат во Сараево.
Во фокусот на дискусиите на состанокот ќе биде Стратегијата за кредибилна европска перспектива објавена минатиот месец од Европската комисија и можностите за нејзина операционализација. Ќе се разговара и за резултатите од Самитот во Трст, нивната досегашна имплементација и очекувањата од претстојниот Самит за Западен Балкан кој ќе се оддржи во Лондон, во јули годинава, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.
Според најавата, на состанокот ќе учествуваат и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Сер Алан Данкан, генералниот директор во Европската комисија, Кристијан Даниелсон и генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.
Министерот Димитров, исто така, ќе учествува и на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан каде ќе се разгледаат досегашните резултати од работата на оваа организација, како и нејзините идни активности.
Во тек на престојот во Сараев Димитров ќе учествува и на конференцијата „Bergedorf Round Table“ која оваа година се организира на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“, а на која ќе учествуваат владини претставници и меѓународни експерти.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
