Димитров ја презеде функцијата министер за надворешни работи
Во Министерството за надворешни работи денеска беше остварена средба помеѓу новиот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и досегашниот Никола Попоски, и притоа, согласно вообичаената практика, беше извршено примопредавање на должноста министер за надворешни работи, информират од МНР.
Димитров на новата функција доаѓа од позицијата надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна соработка, Хаг, Кралство Холандија.
Од 2014 до 2017 година е истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија, од 2011 година до денес е член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Кралство Холандија, од 2009 до 2014 година е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија и постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје. Од 2008 до 2011 година е Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година), од 2007 до 2008 бил специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија, од 2006 до 2009 Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО. Димитров од 2003 до 2008 година беше специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, а од 2001 до 2006 година вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, САД.
Ново на Сител
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот
-
Скопјанец излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје–Велес
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје