Македонија
8. September 2017 - 11:33

Димитров: Имам убава приказна за оптимистичкиот момент на Македонија

Имам убава приказна да им кажам на министрите за оптимистичкиот момент на Македонија, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при пристигнувањето на неформалниот министерски состанок во Талин, Естонија. 

- Се надеваме да ги почнеме пристапните преговори следната година, година и пол. Тука сум да ги убедам нив, дека, исто така, е во интерес и на Европа да го направи тоа, изјави Димитров.