Димитров: Да обезбедиме младите дома да го најдат европскиот начин на живот
Нашата најважна мисија е да ги задржиме младите таленти, генерацијата што доаѓа – дома. Градењето sидови нема да помогне, порача денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров во неговото воведно обраќање пред претставниците на младинските организации на јавната дебата „Регионална соработка во Западен Балкан: Нов предизвик или нова можност!” која се одржа денеска во Скопје.
-Мораме да создадеме услови младите да најдат добри работни места засновани врз нивната способност, низ фер натпревар на еднакви шанси. Да обезбедиме услови да не го бараат европскиот пат во странство, туку да најдат европски начин на живот дома. Ние сакаме да извезуваме стоки и услуги наместо човечки потенцијал. Постигнавме очигледен напредок, нашето општество денес е многу различно од општеството пред неколку години. Не сме спремни за членство, но спремни сме да зачекориме по патот. Сега ни треба потврда и охрабрување од ЕУ. Ако го направиме тоа како што треба, ова може да биде двојна победа за сите, порача Димитров.
Настанот е во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Агенцијата за млади и спорт и на истиот присуствуваат претставници на земјите-учеснички во процесот на соработка во рамки на RYCO, претставници на регионалните младински организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.
Ново на Сител
-
Ѓорческа против Тихонова во 2. коло на ИТФ турнир во Грузија
-
Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред