Димитров: Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет отсто
Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет отосто, информира претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров, кој состојбата во текстилната индустрија ја оценува како „не сјајна“.
– Запознат сум од многу колеги дека немаат доволно работа, што може да значи дека странските партнери полека бараат нови пазари, односно нови коминтенти, каде ќе работат. Тоа се земјите од далечниот исток и мислат дека нашата земја со влезот во ЕУ, со порастот на платите и стандардот ќе стане неконкурентна за овие пазари, вели Димитров.
Со истиот став е и претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска, која смета дека заминувањето на дел од странските партнери е заради поскапата работна сила, немодернизацијата на производството, возраста на текстилните работници, којашто во просек е над 45 години, како и миграцијата.
Овие две организации, важни за текстилната индустрија во земја, што е трудоинтензивна гранка сметаат дека дел од проблемите можат да се решат доколку компаниите вложуваат во нови машини.
– Со вложување во современа опрема можат да ја зголемат продуктивноста, за да ја задражат конкуретноста на светските пазари и само така ќе можат тие подолго да опстојат. Ид друга страна е недостигот на работници, демотивираноста на младите да се запишуваат во средните училишта. Тоа се проблеми, што ќе бидат многу важни во идниот период за оваа држава, вели Димитров.
Оценката на Текстилниот калстер е дека оваа гранка оди во надолна линија. Токму текстилните конфекции и кожарските фабрики во земјава заеднички имаат 20 отосто од вработените во земјава.
Ново на Сител
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар