Димитрис Каменос: Нема да се постигне решение за името
Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос, смета дека нема да се постигне решение на проблемот со името.
- Мислам дека вака како што оди, нема многу простор. Нема да постои решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите што ние ги сметаме за неопходни и треба да се направаат како гаранција. Ни говори (Заев) за меѓународен договор, вели ние нема да промениме јазик, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само табли менуваат, вели Каменос во интервју за грчката телевизија Скај.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратеникот од Независни Грци, упати критики до македонскиот премиер, затоа што „во време на сериозни преговори, излегол со хумористични изјави за промена на грчкиот Устав“.
Говорејќи за грчко-турските односи, Каменос побара од Заев јавно да ја коментира „турската провокација“.
- Господинот Заев сака да влезе во Европа. Не сака да влезе? Не бара од нас различни имиња? Во која Европа сака да влезе? Има дадено некоја изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели сакам да влезам во Европската унија. Границата на неговата земја ќе биде Европската унија, ќе сака утре тоа да го поддржува Грција и Европската унија? Ќе треба и тој да даде изјава. Ова го кажувам јавно. Да ја процени агресивност во ексклузивната економска зона на Кипар и агресивноста на Турција (со која има многу добри односи) на границата со Грција, што е и европска граница, рече потпретседателот на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска