Loading Video...
Фудбал
22. September 2021 - 11:06

Димитриевски со Рајо славеше на гостувањето во Билбабо

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски иако прими гол сепак неговата екипа Рајо Ваљекано забележа победа на гостувањето во Билбао кај Атлетик во дуел од 6 коло на шпанската Ла Лига. 
 
Гостите поведоа во 5-минута со голот на Гарсија, а домаќините израмнија благодарение на автоголот на Цис во 33-тата. 
 
Кога сите очекуваа крај на мечот колумбискиот ветеран Радамел Фалкао со погодокот во шестата минута од судиското дополнение (90+6) му донесе голема радост на Рајо поставувајжи ги конечните 2:1.