Димитриевски: Честит ден на Армијата, Куманово е вистински пример за високо ниво на цивилно-воена соработка
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски упати честитка на сите припадници на АРМ и сите граѓани на Македонија по повод 18-ти Август, Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.
„Општина Куманово е вистински пример за високо ниво на цивилно-воена соработка, каде заедно со припадниците на Армијата делувавме и соработувавме во услови на кризи, вршевме дезинфекција на јавните објекти, дистрибуиравме пакети со социјална помош, воведовме редарски служби, гасневме пожари, но заедно и празнувавме, заедно организиравме едукативни настани, донации и работни акции за пошумување и разубавување на наше Куманово“, кажа Димитриевски.
Градоначалникот кажа дека АРМ е синоним за храброст, посветеност, праведност, еднаквост и професионализам во служба на државата.
„Генерации и генерации со посветеност ја граделе и вложувале во нашата Армија, а наша обврска е да продолжиме да ја надоградуваме со нови професионални кадри, како и нова опрема, заедно со нашите партнери во НАТО“, рече Димитриевски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива