-->
-->
Димитриев: Сегашната Влада е политичка, а не техничка
-->
Оваа Влада е политичка, не е Влада за спроведување на изборите бидејќи нема датум за нивно одржување и ние сме концентрирани на реализација на програмата, изјави премиерот Емил Димитриев по денешната посета на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
- Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен - техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите. Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада концентрирана на реализација на програмата со која го добила мандатот, рече Димитриев одговорајќи на новинарско прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто
-
Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка