Димитриев: Од идната година ќе засадуваат по пет милиони дрвца
По пет милиони дрвца ќе се засадуваат секоја година преку традиционалната манифестација „Ден на дрвото“ и Програмата за проширена репродукција на шумите, рече денеска премиерот Емил Димитриев кој, во рамки на 17. Акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ посади дрвце во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани.
Предвидените пет милиони дрвца од кои добар дел се очекува да се зафатат, ќе бидат сведоци, нагласи Димитриев, за грижата на државата кон животната средина.
- Со ова ја промовираме нашата одговорност за заштитата на животната средина и сметаме дека на правилен начин обезбедуваме здрава околина за живеење, подвлече премиерот.
Од 2008 година, кога почна акцијата „Ден на дрвото“, досега се пошумени 13 илјади хектари со 35 милиони садници, а годинава, како што напомена Димитриев, пошумени ќе бидат 503 хектари со 2,6 милиони дрвца.
- Седумнаесетти пат ја продолжуваме традицијата со која делуваме во насока на уште поголемо подигнување на јавната свест за потребата од пошумување, потенцира Димитриев.
Дрвце во дворот на градинката „Ѕвездичка“ засади и градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски кој информираше дека акцијата во ова подрачје денеска нема да биде масовна поради снежните врнежи вчера и во текот на ноќта, но ќе продолжи и ќе биде спроведена во целост.
- Во Кочани ќе бидат пошумени 17 хектари главно со зимзелени дрвца, смрека и ела. Ќе се сади во паркот на улицата „1 Мај“ и покрај болницата, а ќе се променат и сите дрвца кои беа оштетени од несовесните сограѓани, истакна Димитровски.
Ново на Сител
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари