Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска смета дека зголемувањето на индустриското производосто за 9,4 проценти во мај годинава во однос на мај лани е показател дека индустријата зазема стабилен курс на раст.
Во објава на Фејсбук, Димитриеска Кочоска потенцира дека најголем пораст има во рударството, од 18,8 проценти.
Во преработувачката индустрија, наведува министерката, растот изнесува 9 проценти, со најголем придонес од: Прехранбена и текстилна индустрија, Производство на пијалаци, фармацевтски и хемиски производи, Производство на електрична опрема, возила и мебел.
-Ова се силни сигнали дека индустријата зазема стабилен курс на раст – поддржуваме домашно производство, извоз и економски развој!, пишува Димитриеска Кочоска.
Како што објави Државниот завод за статистика денеска, според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 проценти, Капитални производи за 13.5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 9 проценти.
Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.
Ново на Сител
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор