Дилма Русеф: Нема да се предадам зашто не сум виновна

Бразилскиот претседател Дилма Русеф изјави дека нема намера да се откаже од борбата против опозицијата и обвинувањата за корупција и за злоупотреба на функцијата, за што се соочува со постапката за импичмент.
- Нема да се предадам и продолжувам да се борам, затоа што верувам дека сум невина жртва во сето ова што се случува, изјави за Би-Би-Си, Русеф.
Во разговорот таа инсистира дека ја има подршката на нејзнината влада и тврди дека нејзните сојузници и подржувачи веруваат оти „импичментот е нелегитимен и илегален„, затоа што, како што смета претседателката, покренатиот процес се заснива врз „лажни обвинувања“.
Русеф се согласува дека во Бразил има раширена корупција и прифаќа дека не се преземени сите мерки за нејзиното сузбивање, но вели дека таа нема направено ништо лошо и протизаконско.
Изјавата за британскиот медиум дека не се предава, доаѓа пред утрешното гласање на сенатската комисија за извештајот, кој преддлага покренување на постапката за импичмент на шефот на државата.
Гласањето во Сенатот за отповикување, доколку предлогот го усвои сенатаската комисија, може да трае до 180 денови и во тие шест месеци, Русеф треба да биде привремено суспенирана од функцијата.
За трајно отповикување е потребно во Сенатот да се изјаснат две третини од сенаторите. Последното испитување на расположението во Годниот дом, покажува дека мнозинство од 81 сенатори подржуваат импичмент за Русеф.
Претходно со забележително мнозинство, за отповикување се определи и Долниот дом на бразилскиот Конгрес, па доколку и Сенатот изгласа една ваква мерка, нов претседтел на Брзил, до крајот на сегашниот втор мандат на Русеф, ќе биде актуелниот потпретседател Мишел Тенер.
Во разговорот за Би-Би-Си претседателката Русеф го овинува Тенер како еден од предводниците на „пучот против демократијата„ како што таа го квалификува целиот прцес за нејзиното отповикување.
Дилма Русеф е обвинета за злоупотреба на податоците за државниот долг, пред изборите на кои таа го освои вториот мандат со тесно мнозинство.
Таа е обвинета и за попречување на правдата, затоа што како претседател ја попречувала истрагата за корупција во државната нафтена компанија „Петробрас“ каде претходно има работено како еден од членовите на Управниот одбор.
Сите овие обвинувања Русеф ги отфрла како „неосновани“.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
