Дилери затекнати при препакување марихуана во Тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Јавното обвинителство соопшти дека на 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, држеле наркотична дрога марихуана. Во импровизирана колиба полициските службеници ги откриле додека ја препакувале дрогата за натамошна продажба. Биле пронајдени и одземени околу 78 грама марихуана во повеќе помали пакувања.
При приведувањето, едниот од осомничените оттурнал и удрил полициски службеник, нанесувајќи му телесна повреда, но набрзо бил совладан. Против него е поведена постапка и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот и на двајцата им определи притвор во траење од по 30 дена.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД