ДИК: Увид во Избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани
До 14 март годинава кога и официјално заврши увидот во Избирачкиот список (ИС) по повод претседателските и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар кои ќе се одржат на 21 април 2019, проверка на податоците извршиле 53.972 граѓани, за 517 е донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците во Списокот е направена за 129 лица.
Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), само еден граѓанин со поништено живеалиште направил увид во ИС.
Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведуваше 20 дена, од 23 февруари годинава до 14 март 2019. Се реализира во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа согласно Одлуката на Државната изборна комисја, во временски период од 09:00 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд, како и празниците.
Јавниот увид се спроведе на Избирачкиот список со состојба на податоците на граѓаните со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на гласањето (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред распишувањето на изборите (9 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (8 февруари 2019 година).
Според ДИК, јавниот увид помина без никакви проблеми во редовна постапка согласно насоките и упатствата претходно дадени од страна на Државната изборна комисија.
Ново на Сител
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата