ДИК усвои еден приговор од Беса

Државната изборна комисија попладнево со шест гласа „за“ и три против го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.
Одлуката е донесена откако до ДИК денеска беше приложен извештај од графологот, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.
Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место, а ќе се повтори само и доколку вкупниот број на гласачи кои гласаа на тоа избирачко место влијаат на вкупните резултати во изборната единица 6.
ДИК попладнево во рамки на седницата за разгледување на приговорите по расправата по поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 2016 во Теарце, со мнозинство гласови одлучи да се пристапи кон увид во целокупниот избирачки материјал за ова избирачко место.
При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.
СДСМ денеска повлече два од приговорите бидејќи биле неневремено поднесени.
ДИК по паузата, треба да продолжи со седницата на која треба да се произнесе по двата преостанати приговора на СДСМ.
Досега, ДИК одби четири приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од движењето Беса. На денешната седницата ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово.
Пред просториите на Државната изборна комисија и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
