ДИК: Уредите за биометриска идентификација на гласачите ќе ги унапредат изборите во целост
На Локалните избори 2021 во нашата држава првпат се воведува уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката на гласање. Тоа треба да го унапреди процесот преку дигитализација и автоматизирање на дел од постапката, соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Оваа Државна изборна комисија, како што рече, ја има таа привилегија и одговорноста да ги воведе уредите за биометриска идентификација на гласањето и со тоа да стане дел од унапредување на постапката за гласање на изборите во целост.
– ДИК донесе и упатство за начинот и утврдување на идентитетот на гласачот врз основа на кое ќе ја спроведуваме и денешната симулација на постапката за гласање, рече Даштевски.
Тој посочи дека во последните десет години користењето биометриски системи за регистрација и идентификација на гласањето стана пошироко распространето. Целта, како што рече, е да се обезбеди еднаквост на гласачите врз основа на принципот еден гласач – еден глас.
– Биометријата е најдобрата технологија за идентификување и проверка на гласачите, а со сигурност брзо врз основа на нивните уникатни физички карактеристики како што се отпечатоците на прсти. За идентификација на гласачите отпечатоците се споредуваат со референтни отпечатоци од нивните документи за идентифакција што озвоможува гласачот да биде со сигурност проверен и потврден како носител на идентитетот. Во изборното право гласањето се смета за фер доколку ги исполнува условите за еднаквост и слобода, а тајноста на гласањето се почитува, нагласи Даштевски.
Со цел информирање на сите заинтересирани за тоа како ќе се одвива изборниот процес со користење на уредите за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст, кои првпат ќе се применуваат на претстојните Локални избори, Државната изборна комисија денеска организираше симулација на постапката на гласање и презентација на уредите.
Симулацијата ги опфати и сите други постапки при процесот на гласање, со примена на мерките за заштита од ширење на Ковид-19.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
