ДИК: СДСМ победи во 17 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во во пет, Алијанса за Албанците во три
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија пребројани се сите гласови во 29 општини од вкупно 35 каде што денеска се гласаше во вториот круг од Локалните избори.
Кандидатите на СДСМ, од преброените 29 општини победија Виница, Градско, Гази Баба, Демир Капија, Долнени, Јегуновце, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Македонска Каменица, Могила, Новаци, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево и Шуто Оризари.
ДУИ победи во Сарај, Дебар, Липково, Теарце и Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во Зрновци и Кавадарци, Алијанса за Албанците во Боговиње, Врапчиште и Гостивар, ДПА во Студеничани, додека Група избирачи во Брвеница.
Се уште целосно не се пребројани гласовите од уште шест општини: Бутел, Желино, Пробиштип, Струга, Тетово и Штип
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?