-->
-->
ДИК примила 862 пријави за гласање од иселениците, најмногу од Берн
-->

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.
Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 72, во Лондон - 69, во Торонто - 57, Љубљана - 48 и Канбера - 36.
Податоците се до денеска до 13:00 часот, а пријавите се поднесуваат преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk.
Јавен увид во во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК до вчера направиле 1.967 граѓани. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 295, Струмица - 148, во Радовиш - 128 и во Прилеп - 104.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
