ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар
Државната изборна комисија денеска на седница одлучува по приговорите што беа доставени за постапките за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар.
Во досегашниот дел од седницата, ДИК ги отфрли приговорите за избирачките места 547 и 547/1 поднесени од Алијансата за Албанците и Алтернатива. Членовите на ДИК оценија дека е неосновано барањето да се поништи гласањето на избирачкото место 547 поради незаконско јавно гласање на еден гласач, кој не влегол во параванот за гласање и гласал пред сите членови на избирачки совет.
– Настанот се случил од 16 до 19 часот, а забелешката во ОИК Дебар е доставена после 23 и 55 часот. Овој приговор е неооснован. Ова не е основа за поништување на избирачкото место. Биле обезбедени сите услови за тајно гласање, а таквото дејствие на гласачот не е основа да се поништи избирачкото место, туку да се поведе прекршочна постапка, рече потпретседатлката на ДИК Дитмире Шеху.
ДИК ја почна расправата и по приговорот што го поднесе коалицијата АА/А за пет избирачки места (0536, 0541, 0545, 0547 и 0547/1) за постапката за сумирање и утврдување на резултати, со образложение дека записниците доставени во ОИК Дебар претпрпеле суштински промени во просторите на ОИК Дебар во присуство само на претседателот на Избирачки одбор – Дебар без присуство на другите членови.
Членот на ДИК Кренар Лога побара комисија да изврши увид на избирачкиот материјал, а до Комисијата да биде доставен и записник од образецот 20 од страна на ОИК.
Седницата ќе продолжи по паузата што ја објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски за подготовка за отворање на избирачкиот материјал.
Според првичните резултати на ДИК, кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, во вториот круг од гласањето за градоначалник во Дебар освои 4291 глас, а неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива 4153 гласови.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила