ДИК ќе го стави на увид Избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ќе го стави на увид избирачкиот список, при што граѓаните ќе можат да извршат проверка на запишаните податоци. Увидот, како што е предвидено со Роковникот на Комисијата, ќе заврши на 11 ноември. Десет дена подоцна, односно на 21 ноември ДИК треба да го заклучи списокот, а на 1 декември и да го потпише.
Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа или престој во странство.
Вчера заклучно до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.
Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.
Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.
Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.
Ново на Сител
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
