ДИК го усвои Роковниот за изборни дејствија
Роковник за изборни дејствија во пресрет на предвремените парламентарни избори на 5 јуни усвои денеска Државната изборна комисија (ДИК).
На седницата не присуствуваа Игор Милев и Виолета Дума, предложени од СДСМ. Засега нема информација за причините за отстуството на Милев и Дума од седницата. Претседателот на Комисијата Александар Чичаковски учествуваше во работата на седницата, иако ја напушти вчерашната седница пред гласањето за подготвеноста на ДИК за избори.
Според Роковникот, Избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април, а во рок од 15 дена граѓаните ќе можат да проверат дали се на списокот. Од денеска до 9 мај трае пријавувањето за гласање на македонските државјани кои живеат во странство односно за гласање во 7-та изборна единица. Избирачки список треба да биде заклучен на 19 мај.
Од Избирачкиот список, според досегашните информации, ќе бидат избришани 1.135 починати лица.
Партиите пак кандидатските листи ќе треба да ги заклучат на 11 мај за веќе од 16-ти да започне изборната кампања.
Членовите на ДИК донесоа одлука од Министерството за информатичко општество и администрација да побараат до нив да бидат доставени податоци за административни работници кои би можеле да бидат избрани во општинските комисии, а од Министерството за надворешни работи список за тоа во кои конзуларни претставништва ќе се гласа во дијаспората. До МВР беше поднесено барање да достави уште една листа со конзистентни записи.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре