ДИК го одби последниот приговор на СДСМ- цела јавност им се смее на Милев, Дума и Чичаковски
Државната изборнја комисија (ДИК), по многу натегања и кавги, конечно донесе одлука за последниот приговор поднесен од СДСМ, поврзан со наводни нерегуларности на избирачко место во Теарце.
Со 4 гласа ЗА, 4 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН, членовите на ДИК го одбија приговорот на СДСМ, кој се однесуваше за избирачкото место 2011 во Теарце.
Иако од самиот старт беше јасно дека нема ниту еден доказ кој би укажал на тоа дека приговорот треба да се прифати, сепак членовите на СДСМ во ДИК Игор Милев и Вилета Дума правејќи будали од себе на целата јавност и покажаа за какви луѓе станува збор.
Членовите на општинскиот одбор од конкретното избирачко место, со факти и аргументи ги замолчија Милев и Дума, поради што во одредени моменти се доаѓаше до заклучок дека членовите на ОИК се далеку покадарни и поспособни од слепите послушници на Заев.
Ваквата кловновска игра на Милев и Дума, поддршка добиваше и од извршителот на Заев во ДИК, Александар Чичаковски, чија целосна неспособност и непрофесионалност граѓаните можеа да ја видат на дело изминативе денови.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар