ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.
ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.
Членовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за авансни средства за подрачните одделенија Кичево и Штип со цел да им се помогне на овие подрачни единици да ги остварат своите надлежности во врска со претстојните вонредни избори за градоначалници во Пласница и во Штип.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
