ДИК држи обука за контролорите на теренската проверка

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржува обука за осумдесетина контролори на теренската проверка што треба да започне до крајот на оваа недела. Станува збор за раководители и вработените во подрачните единици на Комисијата, кои потоа треба да ги едуцираат овластените анкетари кои ќе ги посетуваат граѓаните за проверка на нивните податоци.
Обуката ја вршат вработени во ДИК од Секторот за избирачки список.
ДИК објави дека 374 овластени анкетари ќе ја вршат теренската проверка на податоците за, како што синоќа беше соопштено на седница на Комисијата, 89.383 гласачи. Вкупната бројка на лица што ќе се проверуваат изнесува 188.820 илјади. Бројката на анкетарите, како што велат од Комисијата, би можела да се зголеми доколку се појави потреба за тоа.
Задачата на контролорите на теренската проверка ќе биде да ги едуцираат за процесот на проверка, да има дадат инструкции и да им ги предадат материјалите.
Намерата на ДИК, како што соопштуваат од таму, е да има што е можно почист Избирачки список. Дополнително ќе биде соопштен бројот на лица што ќе биде предмет на теренска проверка по општини.
Анкетниот лист што ќе треба да биде пополнет, а ќе биде на македонски и на албански јазик и содржи три групи прашања. На листот прво се личните податоци што треба да се пополнат за лицето. Првата глава е со прашања за присуство на испитаникот, во втората се пополнуваат податоци за испитаникот според личната карта или патна исправа, додека третиот дел е за забелешка на анкетарот.
Како пасивни набљудувачи во процесот на проверка може да учествуваат претставници на четирите најголеми политички партии.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
