ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација

ДИК едногласно донесе одлука за детализирање на задачите на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација.
На денешната шеста по ред седница, членовите ја изгласаа одлуката за изменување и дополнување на одлуката за формирање на стручна работна група од надворешни експерти за ИКТ, за техничка анализа и обезбедување на целосна функционалност, одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација, одлука што беше донесена на 26 февруари.
- Со ова одлука се врши изменување и дополнување на предходната одлука со цел да се детализираат задачите на работните групи кои што ги утврдуваме и кои што ја работат ова деликатна и многу важна работа за заштита, надградување, обезбедување целосна функционалност на системот за биометриска идентификација на гласачите. Само можам да спомнам дека оваа работна група за анализа и предлог на функционалност и одржување и заштита на системот за биометриска идентификација на гласачи, ќе подготви соодветна анализа, за досегашните искуства од примена на овој многу важен систем, исто така ќе ги проучи сите компаративни искуства и се она што досега го имаме спроведено, техничките можности за натамошен развој и ќе изготви соодветен предлог за понатамошно функционирање, анализа и така натаму - рече претседателот Бојан Маричиќ.
Членовите на ДИК расправаа и по третата точка од дневниот ред, што произлегува од оваа одлука, измена и дополнување на оваа одлука. Притоа едногласно изгласаа одлука за определување на лица, координатор, заменик координатор и членови на работната група за изработка на анализа и предлог за функционално службена заштита на системот.
- Со цел да се обезбеди непречена функционалност и техничка заштита, нашата институција одлучи да ја формира оваа работна група на надворешни експерти, бидејќи нашата институција не располага со лица кои што се вработени тука постојано, кои имаат такво знаење и подготвеност и искуство. Оваа група и претходно функционирала во изминатиот период, откако е воспоставен овој систем и врз основа на досегашната успешна соработка, ја воспоставуваме и ја продолжуваме нивната работа, појасни Маричиќ.
МИА
Ново на Сител
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
-

Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина
-

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
