Македонија
12. December 2016 - 1:23

ДИК до 00:30: ВМРО-ДПМНЕ 385.994, СДСМ 365.224 гласови

Според податоците на Државната изборна комисија до 00:30 часот од преброени 1.004.889 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 385.994 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 365.224 гласови.

ДУИ освоиле 74.219 гласови, БЕСА 48.398, Алијанса за Албанците 30.157, ДПА 26.776, „ВМРО за Македонија“ 20.760, Левица 9.237, Коалиција за промени и правда Трет блок 8.249, Либералната партија 3.085 и ПДП 909 гласови.

ДИК сукцесивно ги објавува податоците испратени електронски од општинските изборни комисии.

Иако се најавуваше дека ДИК ќе одржи прес-конференција околу полноќ, таа е одложена за подоцна.