ДИК: 723 лица заболени од КОВИД и во самоизолација го искористиле правото на глас
Вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е од причина што тие одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.
– Благодарност до медиумите и вистинската порака која што је пренесовте до граѓаните дека ДИК и државата обезбедија целосно сигурно гласање на сите наши граѓани кои беа во оваа категорија на гласачи, а со тоа можам да кажам дека ДИК си ја заврши својата задача и за останатите два дена за гласање кога ги повикувам сите наши граѓани да излезат и гласаат, и да не се грижат за своето здравје затоа што на гласачките места ќе бидат максимално безбедни, изјави Дерковски.
Тој изрази благодарност до сите кои учествуваа во гласањето на првиот ден од изборниот процес на вонредните парламентарни избори 2020 година затоа што се одвиваа во исклучително тешки услови за организација и спроведување на самиот чин на гласање.
Од денешното и утрешното гласање ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност.
– Од денешното гласање објавуваме само излезност, а не бројки. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата, кои се наоѓаат во гласачките кутии. Така ќе биде и на утрешното гласање. Тајноста е загарантирана и не постои начин да се отворат овие ливчиња, ниту да се провери кој за кого гласал. Сите овие ливчиња остануваат затворени со останатите ливчиња од гласањето на 15 јули и тие нема да се отвораат се до завршување на гласањето, изјави Борис Кондарко, член на ДИК.
Право на глас на изборите имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани. Утре гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.
Ново на Сител
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово