ДИК: 13 постапки за независни кандидати за градоначалници, во пет општини се собираат потписи за советници
Постапка за собирање потписи за градоначалници до вчера (28 август) започнале вкупно 13 независни кандидати и тоа по еден кандидат во Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и еден кандидат за Град Скопје. Сите кандидати ја подигнале својата кандидатура освен во Куманово каде постапката на собирање потписи е сеуште во тек, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).
Во пет општини се собираат потписи за советите на општините: Дебар, Кочани, Чешиново Облешево, Битола и Могила. Во Битола постапката за собирање потписи за советници е во тек, додека во останатите општини листите со собрани потписи се подигнати.
Од ДИК наведуваат дека засега не се забележува голема разлика меѓу општините во однос на интересот за собирање потписи. Исто така, до сега нема информација за евентуални проблеми со постапката за собирање потписи во ниту едно подрачно одделение на ДИК, посочуваат од Комисијата.
МИА
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО