Дигитализација на јавните обвинителства и воведување E-инспектор, дел од мерките против корупцијата

Целосно дигитализирање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, воспоставување на електронски систем за инспекцијата, Е-ИНСПЕКТОР, дигитализирање на книгите што ги води Управата за водење на матични книги, се дел од мерките кои Владата ги усвои согласно Планот за борба против корупцијата.
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција посочи дека Влада и граѓаните се на иста страна во борба против корупација.
Според премиерот, овој план има за цел целосно да ја спречи корупцијата во државата. Една од мерките е и целосно дигитализирање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Дигитализација, според премиерот, ќе го забрза процесот на решавање на предметите.
Секој правосуден предмет, порача, мора да има судска разршница.

–Влегуваме во целосно екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и Истражните центри во рамките на основните јавни обвинителства со оперативни истражни центри за сите 23 основни јавни обвинителства во државата заедно со основното јавнообвинителство за организиран криминал и корупција, рече тој.
Според Заев, дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрзат процесот на решавање на предметите.
-Нема повеќе чување предмети по фиоки. Секој правосудски предмет мора да има брза разрешница. Започнува автоматизирање на поврзаноста и протокот на документи потребни за брзи постапки по предмети со препознаена корупција. Тоа ќе се случува преку усогласување на законите за дигитализација, рече Заев.
Како што информира, ќе се воспостави и електронски систем за инспекцијата, Е-ИНСПЕКТОР кој овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на инспекцискиот совет.
Со овој систем, според премиерот, значително се елиминираат човечкиот фактор и субјективниот пристап во водењето на предметите. Исто така, се воведува целосно дигитализирање на книгите што ги води Управата за водење на матични книги.
Заев посочи дека граѓаните ќе можат електронски, не само да аплицираат туку на истиот начин да ги добијат изводите. Наскоро, најави тој, следува и укинување на вадењето изводи.
-Го усовршуваме функционирањето на системот на укажувачи за да го извечеме максимално сето она што е законска можност преку јасен протокол за да ги заштитиме укажувачите. Сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитени внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и охрабруваме да пријавуваат случаи на коруптивно дејствување, рече Заев.
Тој додаде дека ќе се води интензивна и одговорна јавна комуникација за да обезбедат учество на граѓаните во ова заедничка борба.
-Ако кој било граѓанин не е соодветно услужен или заради услугата која му следува е вовлекуван во корупција тогаш службеникот треба да биде пријавен итој ќе биде соодветно истражен како и соодветно казнет. Граѓанинот е секогаш на прво место, а ние сме тука за да служиме, рече премиерот.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
