Фудбал
27. March 2017 - 9:18

Диего Коста се повреди на тренинг на „црвената фурија“

Напаѓачот на Челси и шпански репрезентативец Диего Коста се повреди на саботниот тренинг на репрезентацијата. Повредата е на скочниот зглоб, но не е многу тешка, бидејќи снимките покажале дека нема посериозни оштетувања.
 
Коста се врати во националниот тим, а дали ќе игра на пријателскиот натпревар против Франција закажан за утре се уште е неизвесно.
 
Не се знае дали Коста ќе биде подготвен и за средбата на неговиот клуб Челзи кој во првиот меч по репрезентативната пауза ќе се сретне со Кристал Палас.