Диди потплатил сведок, најдени лични белешки
Докази се пронајдени во затворската ќелија на Шон „Диди“ Комбс, што укажуваат дека тој влијаел на сведок во неговиот судски случај во Њујорк за сексуална злоупотреба и другите тужби. Се вели и дека американскиот рапер се обидува да уценува други.
Тие велат дека тој се обидел да контактира со надворешни лица со пристап до телефоните на другите затвореници и тн. тринасочни повици. Според федералните обвинители, новособраните докази „укажуваат на јасен заклучок дека целта на обвинетиот е да ги уценува жртвите и сведоците“, за тие да молчат или да сведочат во корист за неговата одбрана.
Адвокатите на музичкиот моќник, пак, тврдат дека она што истражителите го заплениле во затворот во Бруклин е „материјал доверлив во односот адвокат – клиент“, вклучително и рачно напишаните белешки од Диди.
Обвинителството, исто така, тврди оти Диди користел комуникациска услуга за брзи повици, со цел да стигне до неовластени лица. За повикот со „Сведок-2“ и личните белешки на раперот, наводите говорат дека „обвинетиот ѝ платил на ’Сведокот-2’, откако таа ја објавила својата изјава“, тврдат обвинителите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен