Ди Карло: Нема индиции за крај на војната во Украина, преовладува воената логика
Потсекретарот на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Ди Карло на состанокот на Советот за безбедност рече дека „нема индиции за крај на конфликтот“ во Украина и дека во моментот „преовладува воената логика, со многу мал, ако воопшто го има, простор за дијалог“, пренесува „Гардијан“.
За време на состанокот на Советот за безбедност, Ди Карло рече дека високиот комесар на ОН за човекови права потврдил 18.096 цивилни жртви од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година, но дека реалните бројки веројатно се многу поголеми.
Амбасадорката на САД во светската организација Линда Томас-Гринфилд на состанокот рече дека од август „Иран префрлил стотици беспилотни летала во Русија, што ја прекршува резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН“, додека Северна Кореја испорача противпешадиски ракети. и проектили за Москва, кои се наменети за паравоената формација „Вагнер“, која ги прекршила и резолуциите на Советот за безбедност на ОН за санкции.
Украинската заменик-министерка за надворешни работи Емина Џапарова на состанокот истакна дека „поголемиот дел од руските ракетни и беспилотни напади се насочени кон цивилна инфраструктура, односно 62 отсто од сите удари“, пишува британскиот весник.
Таа повика на воведување нови санкции во „секторите од посебно економско значење за Русија“.
– Целосното ембарго на нафтата и гасот, исклучувањето на руските банки од глобалниот финансиски систем е цената што треба да ја плати државата агресор, рекла Џапарова, според Гардијан.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека војната во Украина може да се стави крај само кога целите на Москва ќе се постигнат со преговори или воени средства.
– Можноста за прекин на специјалната воена операција во Украина ќе се појави дури кога Киев ќе престане да претставува закана за Русија и да ги дискриминира Украинците кои зборуваат руски. Доколку овој резултат може да се постигне преку преговори, ние сме подготвени за такво сценарио. Во спротивно, нашите задачи ќе бидат остварени со воени средства, рече Небензја на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.
Ново на Сител
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени