Свет
26. September 2015 - 18:39

„Ди цајт“: Се подготвува ли Меркел за повлекување?

Одлуката на канцеларката Ангела Меркел да ги отвори границите за прием на огромен број бегалци може да има далекусежни последици врз нејзиното владеење, смета влиајтелниот германски весник „Ди цајт“. Во опширната анализа на весникот се вели дека ваквиот нејзин став кон бегалците би можел како никогаш претходно да ја оддалечи Меркел од својата партија. 

Весникот притоа се прашува дали можеби Меркел на врвот на својата моќ всушност го програмира своето повлекување. Во анализата се признава дека таа успеала да ја обнови традиционалната конзервативна база на ЦДУ (Христијанско демократската унија) и да воведе големи промени како минимална плата, еднаковст за геј паровите, национализација на банките, кратење на нуклеарната енергетска програма и укинување на задолжителната воена служба.

Поради тоа оценува весникот сегашната ЦДУ има малку заедничко со партијата од 1998 година. Овие чекори на Меркел сепак влијаеа на идентитетот на партија смета „ Ди цајт“ кој прашува дали ЦДУ е сеуште посветена на традиционалните вредности или станала политичка машина водена од Меркел која ги прифаќа меко сите барања за флексибилност кои доаѓаат од партискиот штаб.

За разлика од партиската матрица која што се базира на задржување на конзервативните вредности Меркел постојано повторува дека ЦДУ е либерална, социјална и конзервативна што е причина да се постави прашањето на „ Ди Цајт“ дали најпопуларната германска партија со над 40 отсто поддршка има проблем со својот идентитет.

И покрај тоа што Меркел не може да се обвинни за бегалската криза во нејзината партија постои голема дилема дали канцеларката од сите политичари мораше да ја промовира Германија како дестинација за глобалниот бран мигранти. Тоа според „Ди цајт“ предзвика негодување кај многу од нејзините сопартијци а најмногу во сестринската партија на ЦДУ баварската ЦСУ (Христијанско социјална унија која што има партиска структура само во Баварија а на федерално ниво функционира заедно со ЦДУ) чиј претседател Хорст Шефер постојано мерките на Меркел кон бегалците ги оценува како „сериозна грешка“.

„Ди цајт“ семета дека неговите критики можат да бидат заразни и дека овој став може да стане релевантен и во партијата на Меркел каде што конфликтот околку политиката кон бегалците не може да биде скриен под тепих. За разлика од одлуките за Грција во слуајот со бегалците Меркел од своите сопартијци примила десетици пораки а дел од членовите на партијата во Падерборн поради бегалците ја напуштиле партијата.

Противници за својата политика кон бегалците Меркел има и во владата, не само во парламентот и партијата. Министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер е еден од луѓето кои што се противат на отворен прием на бегалци пред се поради безбедносни причини но и поради тоа што смета дека капацитетите на Германија за прием на мигранти се ограничени.

„Ди цајт“ смета дека Грција била детска игра во споредба со тоа што Германија може да го доживее во бегалската криза што нема да запре и во која мигрантите од Сирија, Еритреја, Авганистан, Пакистан, Ирак и балканот ќе станат германски гости.

За среќа на Меркел таа нема вистински противник во битката за лидер на ЦДУ/ЦСУ и Германија. Помладите политичари како Давид Мекалистер, Јенс Шпан и Јулиа Клекнер не се вистински бунтовници. Тие говорат за состојбата по Меркел а не за време на нејзиното владеење за кое никој не може да претпостави кога ќе заврши.

„Ди цајт“ својата анализа ја завршува со тврдењето дека Меркел својот авторитет го добила со ветување за обезбедување на поголема моќ за партијата но дека сега нејзината партија за прв пат по долг период мора да се плаши дека токму поради неа нема да ја загуби својата моќ.