Дезинсекција за уништување комарци во Илинден
Во рамките на реализацијата на Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2016 година, Општина Илинден во координација со екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, на површина од 50 хектари изврши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци.
Од Општина Илинден информираат дека со третирањето, согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања беа опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални) во сите населени места, речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.
Дезинсекцијата се врши со еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.
Во Општина Илинден беше извршена и редовната пролетна дератизација за уништување на глодарите, со која беа опфатени околу 300 шахти што се наоѓаат на јавните површини во Општината. Истовремено, се изврши и дезинфекција на сите јавни објекти, како училиштата и домовите на култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања