Дезинфекција на градскиот плоштад во Куманово
Екипите на „Чистота и Зеленило“ утрово го дезинфицираат градскиот плоштад во Куманово, како дел од мерките кои ги препорача општинскиот кризен штаб на трите седнции одржани изминатиот период. Покрај плоштадот, се дезинфицираат садовите за смет, кантички за отпад, клупи, детски игралишта.
На вчерашниот трет состанок на општинскиот кризен штаб беше донесена препорака Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавните површини. Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради.
Претставникот од кумановскиот центар за јавно здравје ги информирал присутните дека е завршена дезинфекција на училиштата.
– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти – безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките. Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради, се наведува во соопштението на општинскиот кризен штаб.
Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, да изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на општината, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиенa).
Општината ќе побара од Владата две возила кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе самата општина. Од ЈП „Пазаришта“ Куманово беше побарано затворање на пазарот за стари работи, а ги информира граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен.
Средства за деизнфекција ќе бидат поставени на двата плоштади, на кејот, кај базенот, кај верските објекти. Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата. Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.
Ново на Сител
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп