-->
-->
Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал - Да не му направела би останал жив
-->

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.
Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал.
За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.
Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.
Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов