Девојка преживеала сама во шума еден месец: Целото тело и било рани, изгубила 22 килограми, а еве како успеала
Лиса Терис (25) од Луивил во Кентаки преживеала нешто помалку од еден месец потполно сама во шума. Како што е наведено, јадела печурки и диви бобинки.
Терис се изгубила во Мидланд во Алабама без облека, телефон и торба, а случајно ја пронашол мотоциклист кој приметил дека нешто се померува во грмушките.
Пред да исчезне била во друштво на две момчиња кои подоцна извршила вооружен грабеж. Таа кажала дека избегала поради тоа што не сакала да биде дел од грабежот.
Шерифот Рејмонд Роџер изјавил дека Терис, која студирала радиологија, избегала ноќта во шума во која се зигубила.
- Вели дека пиела вода од поток, јадела печурки и бобинки. Полна е со рани на целото тело. Не ја испрашувавме многу. Сакавме само да се осигураме дека е здрава и ја префрливме во болница - рекол Роџерс.
Сестрата на изгубената девојка Елизабета изјавила дека нејзиното семејство е среќно што таа е жива.
- Со зборови не можам да ја опишам среќата која ја чувствувам поради тоа што е пронајдена и што ни се врати. Среќни сме што е жива, многу е силна, преживеала што не. Многу е слаба и се ја боли - навела таа.
Ново на Сител
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор