-->
-->
Девојка од село (35) бара момче кое би работело и живеело со неа - еве што нуди за возврат!
-->

„Ветувам дека ќе бидам добра жена и дека ќе му готвам секој ден и ќе го почитувам, само стоката и другите животни мора да бидат нахранети.“
Веб-страницата „Objavi.online“ цититра интересна рекламна порака, за која не сме сигурни дека е автентична, но е многу интересна. Еве за што станува збор...
- Рано останав сама на оваа фарма, моите родители починаа минатата година, па се решив за овој потег. Ретко излегувам бидејќи немам време, ја чекам само ноќта за да легнам и одморам. Барам човек кој ќе се ожени за мене, и ќе работи на мојата фарма. Ветувам дека ќе му дадам повеќе отколку што може да си замисли.
Негова работа е да се грижи за 150 грла стока, 13 крави, 8 кози, 66 овци + 34 јагниња, 46 пилиња, 19 телиња, 11 бикови, 4 кучиња и 12 мачки. Тој мора да ги храни три до четири пати дневно, не смее да снемаат ниту храна ниту вода. Редовно морааат да бидат нахранети. Потоа има и друга работа на фармата, од чистење на шталата, па до косење на трева, правење на бали, треба да се ора, рамни, сади и други работи исто како на секој имот. Мора да се оди во шума во набавка по дрва, да ги скрши, исцепи, и донесе до куќата, ајде јас ќе помогнам при местење ќе бидам толку добра.
Предност имаат оние кои знаат да возат трактор и користат земјоделски машини, и ве молам само да не ми се јавуваат оние момчиња кои си ги бричат нозете и градите, користат пудра и такви глупости, само такви не сакам. Барам конкретно селски мажи, влакнести и пополнети... Па ако има некој таков слободно нека ми се јави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран