Туск бара доверба од Парламентот по поразот на неговата партија на претседателските избори
Полскиот премиер Доналд Туск денеска ќе побара доверба во парламентот, само неколку дена откако конзервативниот политичар Карол Навроцки победи на претседателските избори, јави ДПА.
Гласањето, закажано за 10 часот (08:00 GMT), се смета за обид на Туск да ја зацврсти поддршката на неговата проевропска центристичка коалиција, во пресрет на тешка соработка со новиот претседател.
Туск, поранешен претседател на Европскиот совет, е премиер на Полска од крајот на 2023 година. Неговата влада се обидува да ги поништи штетните судски реформи донесени во периодот 2015–2023 од страна на поранешната владејачка партија Право и правда (ПиС).
Претходниот претседател, Анджеј Дуда, блокираше многу закони на владата на Туск. Се очекува Навроцки да продолжи со истата практика, можеби и поостро, наведува германската новинска агенција.
Навроцки, 42-годишен историчар, не е член на ниту една партија, но доаѓа од редовите на ПиС, со поддршка од нејзиниот лидер Јарослав Качински – политичкиот противник на Туск.
„Премиерот треба да очекува силен отпор од претседателската палата“, порача Навроцки минатата недела.
Ново на Сител
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата