Девојче не можело да јаде ниту да пие, лекарите се шокирале кога ја отвориле
15-годишно девојче од индискиот град Панџаби е примено во болница, бидејќи не можело ниту да јаде ниту да пие со денови. Кога ја оперирале, лекарите се шокирале од тоа што го пронанашле во нејзиниот стомак.
Испитувањата и снимањето на желудникот покажало дека таму се наоѓа големо клопче коса, кое морало да се отстрани по хируршки пат.
Извадената коса тежела дури еден килограм.
Девојчето боледувало од реткиот синдром Рапунзел, а со текот на годините страдала и од трихотиломанија - неодолива потреба за кубење на косата од темето како и кубење на веѓите, но и влакната од останатите делови од телото како и од трихофагија (компулзивно јадење на коса).
Последните недолку години девојчето толку изело коса, што почнало да повраќа секогаш кога ќе изело нормален оброк.
Овој синдром е многу редок, а во медицинската литература има досега евидентирано 120 случаи и се јавува главно кај младите луѓе кои имаат проблем со учењето или се емоционално нестабилни.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа