Девојче е првото родено бебе во Куманово

Првото бебе во Куманово е девојче, второ дете во семејството Асанови од Крива Паланка. Мајката Хамиде и новороденчето се во добра здравствена состојба.
Девојчето е родено вчера во 17:10 со царски рез, тешко е 3,6 килограми, долго 49 сантиметри.
- Посакувам да биде здраво, живо и среќно, изјави мајката.
Претставници од општинската власт и од болницата и однесоа соодветни подароци.
- Ѝ посакав прво таа да се опорави, девојчето да е живо, здраво и среќно. Да си ја сака државата, да си остане овде да придонесува, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Надлежните од болницата очекуваат плодна година, зголемување на трендот на раѓања на акушерскиот оддел во болницата.
– Раѓањето на женски плод наговестува плодна и бериќетна година. Имаме тренд на намалување на раѓањата, за жал и се надевам дека ова е предзнак и за зголемување на бројот на раѓањата, рече директорот Стефан Трајановски.
Началничката на одделот, д-р Софија Трајковиќ појасни дека тимот има седум специјалисти, добиваат помош од лекари од Скопје и со тоа, успеваат да го покријат 24-часовното работење.
– За ден и половина имаме две бебиња, двете се женски пол, двете се добри, мајките се, исто така, добри. Моментално има една пациентка во предпородилна сала, изјави Трајковиќ.
Минатата, 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, што е тред на опаѓање зашто во 2023 имало 730, а кумановската општа болница е единствено родилиште за североисточниот регион.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
